Економија 07. октомври 2020. / 11:59

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, според последниот извештај на ЕК државата тоне на економски план

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, според последниот извештај на ЕК државата тоне на економски план

СДСМ бесрамно лаже и по извештајот на ЕК. СДСМ со бледи прес конференции сака да ја манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Залудно СДСМ се труди да лаже, според последниот извештај на ЕК државата тоне на економски план. Според извештајот на ЕК спроведувањето на капитални инвестиции се на значително ниско ниво. Според извештајот на ЕК стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Реалноста во државата е сосема поинаква од онаа на СДСМ, додаваат од партијата.

Оттаму сметаат оти реалноста е дека над 40.000 граѓани останаа без работа. Над 500.000 наши граѓани живеат под прагот на егзистенција, денот го поминуваат со едвај 50 денари.

Даноците растат, за тоа еклатантен пример е сметката за струја која веднаш по избори се качи за 7.4%. Не поминуваат лагите кај граѓаните, СДСМ и Заев се прочитани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.