СДСМ преку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) удира по џебот на граѓаните, чекаа да поминат изборите па да ја донесат одлуката за поскапување на струјата, која ја одлагаа од почетокот на јули, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.
Во цела Европа цената на струјата се намалува, само во Македонија со Заев се зголемува. За жал, наместо РКЕ да се грижи сите играчи на пазарот да бидат заштитени и рамноправни меѓу себе, како што стои во Законот за енергетика, таа се грижи само за профитот на енергетските компании. Ова резултираше со незадоволство кај граѓаните. Револтот е јасен во време на корона криза, економски колапс во најава, зголемено задолжување и осиромашување на народот, оваа одлука е само капак на сите промашувања во енергетскиот сектор го направи власта на Заев. Затоа на самопрогласените ‘шампиони‘ во енергетиката им порачуваме: Енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал РКЕ и СДСМ се ‘експерти‘ во уништување“, се вели во соопштението.