Економија 06. ноември 2020. / 12:42

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот е доказ дека власта не се грижи за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот е доказ дека власта не се грижи за граѓаните

Доказ дека владата предводена од СДСМ и Заев не се грижи за граѓаните е вториот ребаланс на Буџет, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека наместо владата да ги намали непродуктивните трошоци, таа крати од здравство и образование.

– Буџетот на министерството за здравство, велат, се врати на истото ниво како во првичниот буџет, односно оваа Влада за 2020 нема да одвои ниту еден денар повеќе од она што го планирала пред пандемијата.

Во фондот за здравствено осигурување ситуацијата е иста. Симболично зголемување од 4,9 милиони евра со двата ребаланси. Колку да не биде без ич. Блокираните сметки на локалните самоуправи ќе си останат, бидејќи власта единствено се грижи за своите бизниси и џебови. Оваа влада не изврши ниту изградба, доградба, реконструкција на болници, а за друго и да не се говори, додаваат од партијата.

СДСМ треба да знае дека приходите со вториот ребаланс нема да се остварат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, па колку и да си играат со повратот на ДДВ, колку и да казнуваат за сообраќајни прекршоци.

Нема приходите да се остварат ниту со присилно собирање од фирмите, блокирање на сметки кај население и кај претпријатија. Оваа власт ја доведе Македонија пред грчко сценарио. Оваа власт Македонија ја врати десетици години наназад. За неспособноста и неодговорноста оваа власт кога тогаш ќе одговара пред граѓаните, велат од Центарот за комуникации на опозицијата.