Уште една изјава на СДСМ каде што не се спомнува терминот Македонија. Ова е единствениот факт во изјавата на Костадин Костадинов, а се друго му е манипулација, реагираат од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа колку подобро живеат граѓаните говорат бројките од 500.000 сиромашни граѓани, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија, освен децата на функционерите од СДСМ кои земаат натпросечни плати.
Додека економиите во Европа и регионот забрзано растат, Македонија има мизерни 2,05% БДП кои се многу далеку од ветените 5 или 7% кои Заев толку многу ги ветуваше.
Ветуваа и дека нема да се задолжуваат, но во реалноста гледаме секојдневни задолжувања, па така за прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг надмина 5 милијарди евра и ја надмина психолошката граница од 50%.
Платите се најниски во регионот, даноците се зголемуваат, трошоците за живот исто така, а стандардот опаѓа .
Единствените светли моменти во македонската економија во моментов е работата на компаниите во ТИРЗ-овите кои дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ и на кои што сега Костадинов лицемерно се повикува, а само до пред 2 години ги критикуваше и плукаше.
Ако за Костадинов корупцијата криминалот и непотизмот на оваа власт се вистинскиот пат, тогаш тој пат нема европска перспектива. Вистинскиот пат на напредокот, благосостојбата и подобриот стандард на граѓаните во Македонија води преку пораз на власта на претстојните избори. Тоа ќе биде почетокот на крајот на деспотот Заев и криминалниот картел околу него, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ