Економија 06. јануари 2021. / 09:37

ВМРО-ДПМНЕ: Не очекува квантен скок кон економска пропаст

ВМРО-ДПМНЕ: Не очекува квантен скок кон економска пропаст

Нови лаги и нови приказни, според Заев оваа година приказната ќе биде во квантните скокови на економијата во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на премиерот Заев.

„Ако 2018 година ќе беше година на економски прогрес и инвестици, а не видовме три години ниту една инвестиција, 2019 година за Заев требаше да биде клучната година за економски раст, а станавме презадолжена држава. За Заев 2020 година требаше да биде светлата година за економијата, но доживеавме земјата да стаса до рецесија. Македонската економија е пред целосен колапс, а тоа го говорат сите економски параметри и фактори. Со криминалната влада на СДСМ на чело со Зоран Заев економијата во Македонија само ќе назадува и ќе тонеме во бездната. Македонија е во рецесија. Прв пат во историјата на македонската економија имавме двоцифрен минусен квартален извештај за БДП, а земјата за само три месеци ја задолжија за над една милијарда евра“, велат од партијата.

Оттаму сметаат дека додека Зоран Заев се фали за квантни скокови во економијата, во Македонија над пола милион граѓани живеат во сиромашитија, или со 130 денари дневно. Над 50 илјади граѓани останаа без работа и без егзистенција или најмногу после фамозната транзиција од 90-тите години во минатитот век.

Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека нема да има никаков напредок во еконимијата оваа година, говори Буџетот за 2021 година.

„Додека оваа криминална власт има пари за луксузирања и непродуктивни трошоци во Буџетот, нема пари за поголеми плати за здравствените работници, нема пари за земјоделците, нема пари ниту за капитални инвестиции. Во економијата секој ден доживуваме нови падови. Големи фирми својот капитал го пренесуваат во соседството, мали бизниси се затвараат, индустриското производство се намалува и секој ден доживуваме нови порази на секое поле, а само во главата на Зоран Заев и неговите бизнис партнери економијата е жива и стабилна. Овие порази и уназадувања мора да запрат. За секоја погрешна политика во економијата мора да има одговорност, а таа одговорност има име и презиме, Зоран Заев“, се наведува во партиската реакција.