Економија 06. декември 2020. / 17:18

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му треба вечност, четири години се чека на делницата Штип – Радовиш

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му треба вечност, четири години се чека на делницата Штип – Радовиш

Зоран Заев по кој знае кој пат се слика на патни правци кои ги почна ВМРО-ДПМНЕ, а тој четврта година веќе не може да ги заврши, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска премиерот беше на увид во работата на градежните активности на експресниот пат Штип – Радовиш.

Патниот правец Штип – Радовиш е почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев никако да го заврши. Заев е среќен што затекна многу патни правци од ВМРО-ДПМНЕ, но за жал со години не може да ги доправи. Заев не е способен да почне ниту еден нов проект, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт сите овие патни правци до сега ќе беа пуштени во употреба, а граѓаните ќе ги чувствуваат благодетите. Вака со Заев само слушаме ЌЕ.

„Четири години државата не е мрдната од мртва точка, а требаше да имаме 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. Од тоа немаме ништо“, смета ВМРО-ДПМНЕ.