Економија 17. мај 2020. / 15:50

ВМРО-ДПМНЕ: Meрките на Владата се предизборен поткуп

ВМРО-ДПМНЕ: Meрките на Владата се предизборен поткуп

Meрките кои денеска ги промовираше СДСМ не се мерки за помош на граѓаните и погодените од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако во Владата денеска беа претставени третиот пакет економски мерки.

– СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи. Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември, велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги мерките.

Најтешкиот период од кризата, според нив, стопанството ќе треба да го преживее без помош, а со тоа се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат.

– Владата целосно ги промаши временските рокови кога на државата, стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми, стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.