И петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, вчерашните мерки за излез од корона кризата не го помагаат бизнисот, и не отвораат нови работни места, дури, велат од партијата, не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите, а резултатот е над 55.000 луѓе изгубиле работа.
-Мерките на Заев не го помагаат ниту граѓанинот, туку само служат за поткуп во форма на еднократна помош. Заев мерките ги претставува како милостиња, а не како обврска. И додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите. Со Заев имаме само уназадување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На удар е целата економија, само фирмите на Заеви вртат милиони“ – порачуваат од партијата.