Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение обвинува дека откако е СДСМ на власт трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7%.
„Економијата е закована на дното. За прв државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%.
Наместо да растат платите на граѓаните, растат платите на вицепремиерите. Растат даноците, растат државниот и јавниот долг , а расте и корупцијата. Власта ја закова Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама.
СДСМ ги урниса институциите во земјава, судството и обвинителството работат по партиска нарачка, здравството е во колапс, образованието во тотален хаос и целото општество е поделено. Власта со насилното и неуставно носење на законот за јазици ја поларизира државата и ги подели граѓаните како никогаш досега”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле.