55.000 луѓе останаа на улица, половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, 6.200 фирми затвори поради корона кризата, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми својот профитот за 2.100%, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Оттаму додаваат дека гиганти во македонската економија, регионот и Светот бележат пад во профитите, а фирмата на вицепремиерот Николовски книжи огромни профити.
Кој бизнис го врти Николовски па за само една година остварил галопирачки раст на приходите?, Дали Николовски врти државни тендери или во прашање е соработка со фирми кои мора да соработуваат со него?, Зошто Николовски својот пример не го споделил со останатите 6.200 фирми кои пропаднаа, или можеби не станува збор за успешен пример, туку за привилегиран субјект на пазарот?, прашуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат ДКСК да отвори случај и да го испита работењето на фирмата на, како што велат, кланот Николовски.
Дали функцијата на Николовски всушност го овозможила рапидниот раст на приходите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека доаѓа време за одговорност.