На официјалната страна на Министерството за финансии, за денеска е закажана аукција на државни хартии од вредност во вкупен износ од 1.780.000.000 или скоро 29 милиони евра.
Имено на страната на Министерството за финансии закажана е аукција на 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 100.000.000 денари, 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 300.000.000 денари , 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.130.000.000 денари и 6 месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 250.000.000 денари.