Економија 13. ноември 2019. / 12:50

Владата со 50 милиони денари ќе ги поддржи печатените медиуми

Владата со 50 милиони денари ќе ги поддржи печатените медиуми

Владата на последната седница на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Како што информира владината прес-служба, средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од 50.000.000 денари, а Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе објави Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за пријавување на интерес за средствата од оваа програма во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма.