Економија 16. јануари 2020. / 18:00

Владата на СДСМ еден ден пред изборот на техничката Влада купи 1.500 апарати за коцкање!

Владата на СДСМ еден ден пред изборот на техничката Влада купи 1.500 апарати за коцкање!

Државната видео лотарија на Македонија со народни пари ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра. Договорот бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија, пишува Алсат.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање.