Економија 13. април 2020. / 19:08

Владата ќе се задолжи  со околу 176,7 милиони евра кај ММФ

Владата ќе се задолжи  со околу 176,7 милиони евра кај ММФ

Околу 176,7 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Република С. Македонија ќе ги искористи за буџетски потреби во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, денеска на седница на Владата е донесена Уредба со законска сила за задолжување на нашата држава кај ММФ за финансиска поддршка од Инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба.