Власта и министерството за земјоделие речиси никако да ја слушне маката на тутунарите.
Тие останаа глуви и слепи на сите барања до сега од страна на тутунарите од цената земја, особено за тутунарите од Прилепско битолскиот регион.
Тие денеска во знак на револт излегоа и на протест блокирајќи го патниот правец Прилеп-Битола, на излезот кон Скопје.
Тутунарите бараат реална откупна цена, а досега се откупени само три проценти од 23 илјади тони тутун, по ниска цена. Велат дека нема да отстапат од нивните барања.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа по средабата со тутунарите во Прилеп, вчера изјави дека откупот на тутун ќе тече непречено, а незадоволните тутунари ќе протестираат по два часа дневно.