Економија

(ВИДЕО) Слаѓана Тасева: Исчезнаа парите за долгот кон УЈП на ФЕНИ! Фирмата на Анѓушев демантира дека ја наплатила криминалната цесија!

(ВИДЕО) Слаѓана Тасева: Исчезнаа парите за долгот кон УЈП на ФЕНИ! Фирмата на Анѓушев демантира дека ја наплатила криминалната цесија!

Исчезнаа парите наменети за исплата на долгот кон УЈП во планот за реорганизација на ФЕНИ, открива Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернационал“ во интервјуто за „Економски Лидер“, чии делови беа емитувани на „ТВ Алфа“.

Истражувањето кое вчера го објави „ТВ Алфа“, прикажа ексклузивни документи кои докажуваат дека ЕДС, фирма во која тогаш сопственик беше вицепремиерот Кочо Анѓушев, на 27.07.2017 потпишала договор со ФЕНИ со кои го присвојува долгот на УЈП кон ФЕНИ за поврат на ДДВ во вредност од 1 милион и 150 илјади евра.

Фрапантното сознание кое го објави истражувачкиот тим на ТВ Алфа е дека во овој договор, ЕДС на Анѓушев и ФЕНИ се повикале на одобрение издадено 16 дена по потпишувањето на договорот. Ова го отвора прашањето на поврзаност помеѓу УЈП и ЕДС на Анѓушев. Се поставува прашањето, од каде фирмата на Анѓушев и ФЕНИ знаеле дека УЈП ќе им го издаде ова одобрение со архивски број 25-3417/2  од 14.08.2017, во договорот кој го потпишале на 28.07 истата година.

Кратко по објавувањето на истражувањето, шефицата за односи со јавноста на ЕДС, Татјана Лопарски, почна да им се јавува на новинарите и со висок тон да се заканува со тужби. Кратко потоа, пристигна и демантот од ЕДС, во кој тие не демантираат дека договорот го потпишале на 28.07, а во него се повикуваат на одобрение од 14.08, туку тврдат дека цесијата наводно не била извршена и ЕДС не примиле пари од УЈП.

-ЕДС никогаш не ја реализира наплата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители. – велат од компанијата и во остатокот на соопштението се закануваат со тужби кон сите кои ќе го коментираат, или, ќе напишат нешто за случајот.

Дали ЕДС земале пари од УЈП или не, треба да одговори Управата за Јавни Приходи, а еден ден по објавувањето на скандалот, од таму нема никаков одговор. Сепак, и под претпоставка дека ЕДС не го наплатиле долгот како што тврдат, се работи за класично кривично дело во кое документи од УЈП се издавале пред датумот на издавање кој е наведен во нив – овој став го застапува „Економски Лидер“ и како медиум кој стои исправено во борбата за јавниот интерес и контролата на трошењето на парите на граѓаните, подготвени сме да го браниме пред било која судска истанца во државата и надвор од неа.

Во меѓувреме, ново големо прашање со отвора во ФЕНИ од страна на претседателката на „Транспаренси Интернационал“, Слаѓана Тасева, која во интервју за „Економски Лидер“, го анализираше договорот за цесија помеѓу ФЕНИ и ЕДС. Тасева открива дека во планот за реорганизација на ФЕНИ, кој беше вратен на повторно разгледување во судот во Велес од страна на апелацискиот суд во Скопје, фалат долговите на ФЕНИ кон УЈП и се поставува прашањето, како е можно при толкав долг УЈП да дозволи цесија на 14.08.2017 со документот со архивски број 25-3417/2.

Во прилог го емитуваме целото интервју со Тасева:

Целото истражување на ТВ Алфа од вчера:

Финансиска малверзација вредна 1 милион и 150.000 евра во спрегата УЈП, ФЕНИ и компанија на вицепремиерот Кочо Анѓушев, откриваат документите до кои стигна истражувачкиот тим на Телевизија Алфа.

Документите кој ги открива „Алфа“, покажуваат дека „Енерџи Деливери Солуншнс“, која во моментот на скандалот беше во сопственост на Анѓушев, со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од ФЕНИ во висина на споменатата сума, Со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението.

На 28.07.2017 година, ФЕНИ и компанијата на Анѓушев потпишале договор за цесија со кој се предвидува дека со долгот на УЈП кон ФЕНИ за поврат на ДДВ, ќе се покријат долговите на ФЕНИ кон ЕДС.

Документ: Цесија помеѓу фирмата на Анѓушев и ФЕНИ

Овој договор е склучен токму во периодот пред стечајот на ФЕНИ, што отвора сомнеж дека компанијата на Анѓушев знаела дека ќе се случи стечајот па преку цесија на ДДВ си го наплатила долгот.

ДОКУМЕНТ: Интегрално, првата страница од договорот за цесија

Најфрапантното во случајот е тоа што во договорот помеѓу ФЕНИ и ЕДС, двете страни се повикуваат на одобрение од УЈП за поврат на ДДВ, издадено еден месец по потпишувањето на договорот, на 14.08.2017. На 28.07 компанијата на Анѓушев и ФЕНИ, знаеле дека УЈП ќе им издаде одобрение на 14.08, односно 16 дена подоцна.

ЧЛЕН 2 ОД ДОГОВОРОТ: ВО КОЈ СЕ ПОВИКУВААТ НА ОДОБРЕНИЕ ОД УЈП ИЗДАДЕНО НА 14.08 со АРХИВСКИ БРОЈ 25-3417/2

Спорниот договор, до кој стигна тимот на АЛФА, во кој со број се цитира одобрението кое во моментот на потпишувањето не е издадено, е потпишан од Митко Кржовски, директор на компанијата која тогаш е во сопственост на Анѓушев и претставник на ФЕНИ Индустри.

Експертите за анти-корупција категорични дека се работи за огромен финансиски скандал, со кој е многу веројатно дека буџетот на Република Македонија бил оштетен со над 74 милиони денари или нешто над 1 милион и 150.000 евра.

Според познавачите на состојбите, во овој случај истраќните органи треба да одгововарат чија е одговорноста и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, исто да го добие со архивски број.