Економија 08. октомври 2019. / 09:30

(ВИДЕО) Шилегов: Мијалков го води бизнисот со Дрисла, ќе барам да се разреши директорката на Централен оти не го впишува вистинскиот советник!

(ВИДЕО) Шилегов: Мијалков го води бизнисот со Дрисла, ќе барам да се разреши директорката на Централен оти не го впишува вистинскиот советник!

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вчера вечер  на Топ тема на Телма, обвини дека директорката на Централниот регистар и неколку регистратори одбиваат да направат промена на сопственоста на депонијата Дрисла иако градот е во право.

Ние ќе побараме нејзино разрешување и кривично ќе ја гониме неа и регистраторите затоа што одбиваат да го заведат градот како концесионер на депонијата за која сите знаеме дека досега ја работи Мијалков, рече Шилегов.