Економија 05. јули 2020. / 00:01

(ВИДЕО) Николоски: Заев наместо да спинува, нека помогне на странските инвеститори во оваа криза

(ВИДЕО) Николоски: Заев наместо да спинува, нека помогне на странските инвеститори во оваа криза

Заев наместо да спинува, нека помогне на странските инвеститори во оваа криза, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Недозволиво е Еленица на Заев, иако остварува милионски профити, да добива државна помош, а компании кои вработуваат илјадници луѓе да размислуваат дали да ги задржат вработените.Реалноста е дека Заев и СДСМ не направија ништо за странските инвестиции. Реалноста е дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ во првите 100 дена ќе донесе 3 големи странски инвестиции.Се надевам дека компанијата Дрекслмаер ќе ги задржи постојните и ќе отвори нови работни места и новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне тоа да се случи, напиша Николоски.