Економија 19. јуни 2020. / 12:00

(ВИДЕО) Мрак на главната улица кај касарната- со денови не работи уличното осветлување, граѓаните револтирани

(ВИДЕО) Мрак на главната улица кај касарната- со денови не работи уличното осветлување, граѓаните револтирани

Изминативе неколку дена, осветлувањето на главната улица Блаој Ѓорев од Касарната во Велес па се до игралиштето во населбата Тунел.

Граѓаните револтирани, секојдневно објавуваат на социјалните мрежи поради мракот на овој потег. Тие велат дека навечер, со страв минат на главната улица, најмногу заради големиот број на кучиња скитници, но и заради непрегледноста на улицата.

Преку сметките за струја кои ги плаќаме секој месец, плаќаме и за уличното осветлување, а секоја вечер со страв минеме по оваа темна улица, коментираат велешани.

Од општината нема никаков коментар за оваа состојба. Граѓаните бараат брзо решавање на овој проблем.

 

извор: Велес денес