Економија 11. август 2020. / 14:25

(ВИДЕО) Мицкоски: Владата веднаш по изборите економијата ја доведе во колапс

(ВИДЕО) Мицкоски: Владата веднаш по изборите економијата ја доведе во колапс

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната прес-конференција посветена на економијата, на својот фејсбук профил напиша:

Она што вистински загрижува е што Владата веднаш по изборите економијата ја доведе во колапс. И тоа е последица на серијата погрешни одлуки, на нерационалното трошење на евробврзницата насочена кон досега најголемиот институционален поткуп за време на изборен процес.
Цената се плаќа денес. Бизнисот тоне. Банкарскиот и финансискиот сектор е пред распад. А, власта целокупната енергија ја насочува кон зачувување на своите фотелји и бизниси.