Економија 02. февруари 2020. / 15:12

(ВИДЕО) Мицкоски во посета на Гевгелија: Без здрава економија државата не може да напредува

(ВИДЕО) Мицкоски во посета на Гевгелија: Без здрава економија државата не може да напредува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните и бизнис заедницата во Гевгелија, од каде порача дека во предизборната програма приоритет партијата ќе даде на стопанството, бидејќи без здрава економија државата не може да напредува.

При посетата, Мицкоски оствари и состаноци со стопанствениците на два производствени капацитети за кои рече дека произлегле корисни заклучоци, дел од нив веќе се предвидени во програмата „Обнова на Македонија,, но дел ќе бидат и предвидени.

– Но, она што останува навистина траорно и она што станува тешко се сите оние порази кои што практично изминатиот месец веднаш после отпочнувањето на новата 2020 изборна година ги доживува нашата земја, а тоа се сите оние порази на ранг листи на реномирани светски институции како што е ова веќе последното дека Македонија е меѓу првите во Европа по одлив на мозоци. Потоа претходно имавме исто тава една статистика објавена од страна на реномираниот економист дека практично Македонија е меѓу водечките земји во Европа по невработеност кај младите, изјави Мицкоски по средбата.

Тој порача дека затоа ВМРО-ДПМНЕ е со граѓаните, со бизнис заедницата и останатите целни групи, за да може сето она кое што го планира партијата да го добие како потврда од страна на соговорниците, но и она кое што не е, а би требало да биде вклучено во изборна програма соодветно на предизборна стратегија.