Денеска во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостуваше Гордана Димитриеска Кочоска со која се зборуваше за македонската економија во време на криза. На ова интервју таа се осврна кои реформи ги предлагал Мицкоски пред корона-кризата, но за жал не наишол на соработка од власта.
– Една од првите предложени мерки на Мицкоски уште на почетокот на корона-кризата покрај субвенционирање на плататите беше мерката за ослободување на благајничките записи на банките и нивно искористување за купување хартии за вредност односно за финансирање на државата, истакнува Кочоска Димитриеска на денешното гостување во „Утро со Златев“.
Кочоска потенцира дека кога Мицкоски го дал овој предлог мислеле парите да бидат искористени паметно односно наменски. Таа вели дека банките помалку го кредитирале стопанството, но затоа изложеноста на државата кон банките е огромна односно на историски највисоко ниво.
Таа вели дека дека на крајот од годината сепак излегува дека Мицкоски бил во право.
– Мицкоски беше во право. Податоците го покажуваат тоа. Јас на економски совет имам кажано дека треба да се стимулираат капиталните инвестиции, ништо не направија. Милијарда и пол имаме одобрено за инфраструкторни проекти кои се мртви, а на одобрените проекти плаќаме камата. Плаќаме, а не ги користиме проектите, вели Кочоска Димитриеска за Радио Лидер.
Според нејзе, доколку го послушале Мицкоски наместо да паднеме на 5 отсто од БДП годинава, ќе падневме помалку.