Министерот за здравство Венко Филипче не се откажува од тендерот од 35 милиони евра кој ќе го добие фантом компанија основана пред 4 месеци а ја поседува 27 годишен државјанин на Србија.
Оваа централизирана набавка за апарати и реагенси, според која испитување на крв ќе се врши само во 3 наместо во над 80 Јавни здравствевствени установи и вреди преку 35 милиони евра, тој ја нарече европска. Не гледа ништо сомнително во тоа што спецификациите на тендерот одговараат само на еден апарат, од производителот Абот.
-Овој проект е во насока на остварување на европски модел за кој се стремиме, со цел реформирање на здравствениот систем и приближување кон европските трендови – рече Филипче на денешната прес конференција.
Пресот кој беше најавен само 1 час пред неговиот почеток и се реализираше во сабота, веројатно за да се спречат голем дел од упатените новинари да присуствуваат, помина со тоналитет дека Филипче нема поим кој е компанијата која е единствен пријавен на тендерот.
Во исто време, министерот за здравство вели дека тие со оваа набавка ќе заштеделе за реагенси.
-До сега 12 милиони евра годишно се плаќаа за реагенси. Тоа е премногу. Сега кога Јавните здравствени установи нема сами да набавуваат реагенси, ќе се заштедат средства, рече Филипче, без да објасни како со трошењето на 35 милиони за три години ќе се заштеди од овие 12 милиони кои се трошат до сега.