Економија 11. февруари 2021. / 10:50

(ВИДЕО) Арсовски говори за тоа како „СВ Инвест” влегол во РЕК Битола

(ВИДЕО) Арсовски говори за тоа како „СВ Инвест” влегол во РЕК Битола

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски утрово гостуваше во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер при што говореше на повеќе теми за актуелната политичка ситуација. Тој се осврна за „СВ Инвест“ за којшто тој и самиот јавно зборувал.

– Во РЕК Битола најпрво „Тотал инженеринг“ со своите камиони возеше па криеше па лажеше, но се виде дека „Тотал инженеринг“ е фирма на Вице Заев, вели Арсовски.

Тој додава дека за фирмата „СВ Инвест“ тој јавно говорел и ќе продолжи да говори се додека правдата не дојде каде што треба.

– Можам да потенцирам дека „СВ Инвест“, фирма со амин на семејството Заев, влезе во РЕК Битола без ниеден вработен и без ниедно возило фигуративно и доби милиониски бизниси. Што мислите, каде завршија тие пари? Сигурно не завршиле кај сиромашните во Битола, вели Арсовски за Радио Лидер.

Целото видео околу „СВ Инвест“ може да го погледнете во продолжение.