Економија 13. август 2020. / 17:33

Утре повторно протести против поскапувањето на струјата

Утре повторно протести против поскапувањето на струјата

Утре попладне во неколку градови низ земјава ќе продолжат протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија. Досега се најавени протести во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево и Дебар.

Денеска Координативниот совет побара Регулаторната комисија за енергетика да ја повлече одлуката за зголемување на цената на струјата за 7,4% и таа да се намали за потрошувачите за 46%. Владата да го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%. Собранието треба да ја укине Регулаторната комисија, велат од советот, бидејќи ова тело, според нив, им служи само на корпорациите и разните бизнис-групи.

Собранието да создаде независно тело во служба на граѓаните кое ќе има мисија да го проверува квалитетот на услугите на енергетските компании. Да ги истражи и реши сите поплаки на граѓаните против овие и слични изнудувачки корпорации. Да ги укине каматните стапки за граѓаните и да ги заштити потрошувачите од шемите за каматни стапки што им се наплатуваат, порачаа од координативниот совет.