Економија 02. јануари 2021. / 10:46

УЈП им се закани на фирмите кои земале државна помош, а не ја исплатие ноемврската плата

УЈП им се закани на фирмите кои земале државна помош, а не ја исплатие ноемврската плата

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција во Владата уште еднаш апелираше до компаниите кои не ја исплатие ноемвриската плата на вравотените, а земале финансиска помош од државта, добиле опомени и рок од една седмица да исплатат.

-Бројот на фирми кои не ја исплатиле ноемврсиката плата на вработените, а имаат земено финансиска помош од државата, се намалил од 29 декември до 31 декември. На сите компании кои не ја исплатиле платата, им е врачена опомена, и рок од една седмица. Во спротивно ќе следува присилна наплата, со блокада на сметките и префрлување на средства на вработените, рече Лукаревска.

укаревска истакна дека има и неколку фирми кои не ја исплатиле и октомвриската плата, иако земале финансиска помош, и за нив ќе следуваат соодветни санкции.

Лукаревска напомена дека најголем број од фирмите кои не ги исплатиле платите се од Скопје, Тетово и Гостивар.