Економија 19. јануари 2021. / 13:42

Угостителските објекти сепак нема да работат до 23 часот

Угостителските објекти сепак нема да работат до 23 часот

Министерот за здравство Венко Филипче објави на неговиот Фејсбук профил дека на денешната седница на Влада е усвоен предлогот угостителските објекти да работат до 21 часот почнувајќи од 21.01.2021.

Иако вчера министерот по економија, Бектеши, најави дека можно е угостителските објекти да работат до 23 часот, сепак Филипче пишува дека е рано за тоа.

– Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот, напиша Филипче.

Тој најави дека следната недела можно е олабавување на мерките.

– Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, заврши тој.