Музичарите и угостителите денеска излегуваат на протест по неуспешната средба во Владата.
Тие на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти. Образложението е дека не може целата естрада да трпи поради несовесни менаџери и сопственици на кафулиња кои ги прекршуваат протоколите.
Протестот е со цел да дадат поддршка за сите засегнати сектори од пандемијата со коронавирусот.