Во 15 часот пред Владата угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегоа на протест.
Велат дека иако од нив било побарано да достават предлог-протокол за работа, се уште немаат добиено мислење од Владата во координација со Комисијата за заразни болести.
Тие сметаат дека Комисијата за заразни болести реба да донесе издржан здравствен протокол за нивната дејност, а надлежните државни институции заедно со нив ќе се погрижат истиот да се спроведе во пракса.
Угостителите бараат Комисијата за заразни болести да престане да биде, како што велат, дисциплинска во своето делување и да ја интересира здравствениот аспект поради тоа што веќе година дена се дискриминирани со нивнииот категоричен став во однос на дејноста и не работат и поради тоа се на раб на егзистенција, а бројките на заболени растат.
На протестот пред Владата тие побараа и вклучување на останатите дејности поврзани со организирање свадбени веселби. Се пожалија дека оваа индустрија една година е затворена и трпи огромни финансиски загуби.
Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.