Тутунарите и лозарите денеска излегуваат на протест пред Владата.
Тие велат дека ќе бараат одговори за неисполнетите ветувања дека ќе се корегира годинашниот катастрофален откуп.
Тутунопроуизводителите досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија и понатаму се одвива по старата шема.
Поддршка на овој протест ќе дадат и од Здружението на лозари од Тиквешијата.