Економија 07. јуни 2018. / 11:48

Турска компанија заинтересирана да инвестира во Кавадарци

Турска компанија заинтересирана да инвестира во Кавадарци

Претставници од познатата турска компанија OKT TRAILER, остварија средба со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Компанијата која се занимава со производство на цистерни и полуприколки од инокс и алуминиум е заинтересирана да инвестира во Кавадарци поради поволната клима.

Сопственикот Хакан Мараш и директорот Омер Кучук планираат да отворат претставништво и хала за производство на цистерни и полуприколки од инокс и алуминиум, а производите да ги пласираат на европскиот пазар.

Градоначалникот Јанчев им излезе во пресрет на потенцијалните инвеститори и ги договорија следните чекори.

Се очекува во наредниот период делагација да ја посети компанијата која се наоѓа во турскиот град Ајдин.