Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше оствари средба со земјоделците од делческото село Град при што разговараше со за актуелни проблеми што ги имаат во изминатите три години.
– Констатацијата е речиси иста или идентична како во другите краеви од Република Македонија. Ниту субвенциите стигаат кај крајниот земјоделец, ниту, пак, се исплатени дополнителните субвенции што ги ветија за сливата во оваа општина и во оваа село. Земјодлците тука ми посочија безброј примери за неисплатени субвенции за млеко и за стока и за житни култури – изјави Трифуновски.
Како што истакна Трипуновски, земјоделцитесе пожалиле и на игнорантскиот однос од подрачните единици и од Министерството.
– И тука се среќаваме со ситуација дека земјоделците не се поддржани од државата на начин којшто треба да го имаат. Буквално се оставени овие три години сами да се снаоѓаат како знаат и умеат и со пласманот на млекото и на останатите земјоделски производи. Ќе ги посетам и наредниот период со цел кога ќе дојде време на политичката кампања да ги испромовирам нашите видувања во однос на добрите политики што ги планираме во овој сегмент – изјави Трипуновски.
Тој посочи дека им се ставил на располагање на земјоделците од Делчевско и им ветил дека во наредните 90-тина дена ќе им биде заштитник на нивните права и интереси и дека ќе стопира било каква манипулација до 12 април кога треба да се одржат парламентарните избори.