Економија 12. јуни 2020. / 20:00

Три општини на истокот ќе пробијат пат до нивите

Три општини на истокот ќе пробијат пат до нивите

Центарот за развој на Источен плански регион, потпиша Договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за искористување на средства во висина од 1.660.000 денари за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност во источниот плански регион.

Емил Василев од Центарот за развој на ИПР вели дека со овие средства ќе се изградат околу два километри пристапни патишта во обработливите површини во општините Чешиново-облешево, Зрновци и Виница.

Со изградбата на овие патишта ќе се овозмоши полесен пристап до околу 4.000 хектара обработлива површина.

Овие средства се од Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година.