Економија 18. March 2019. / 10:52

Тевдовски призна дека ВМРО-ДПМНЕ имаше добри политики во економијата

Тевдовски призна дека ВМРО-ДПМНЕ имаше добри политики во економијата

Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Зоран Заев и СДСМ манипулираат со граѓаните.

Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото. Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за над половина милијарди евра. Граѓаните се сè посиромашни. Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.