Економија 09. февруари 2020. / 17:07

Тајмингот на враќањето на рамниот данок не може да биде подобар

Тајмингот на враќањето на рамниот данок не може да биде подобар

Враќањето на рамниот данок, е исправен потег во најдобар тајминг, смета поранешниот министер за финансии, професор на Економскиот факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, кој прави анализа во интервју за Курир, на економските мерки кои вчера јавно беа промовирани од Христијан Мицкоски.

Според Славевски потегот на СДСМ за воведување на прогресивно оданочување и зголемување на даночните стапки предизвика огромна штета во економијата на Република Македонија и не е случајно што и самите се повлекоа. Но тој објаснува дека партијата на власт направила уште една грешка со тоа што остави простор од три години, наводно, не укинување, туку одложување на мерката прогресивно оданочување што е погрешно, така, оценува Славесвки е создадена неизвесност кај економските субјекти.

Поренешниот министер вели дека сега со ова ветување дека ќе биде вратен рамниот данок и уште повеќе со намалена даночна стапка од 9% во почетокот со можност за дополнително намалување за уште еден процентен поен, ја враќа таа извесност во економијата кај претпријатијата и кај домаќинствата, што е сосема исправен потег.

Тајмингот на оваа мерка на враќањето на рамниот данок, не може да биде подобар затоа што, како што гледаме светската економија од средината на минатата година забавува, а сега се непредвидливи последиците од пандемијата на коронавирусот. Заради значењето на кинеската економија во светски рамки, дури и за Македонија и прекинот во врските во синџирот на снабдување, веќе и наши компании кои работат особено во областа на автомобилската индустрија, ги чувствуваат првите последици, истакна Славевски во интервјуто.

Тој потенцира дека мерката за враќање на рамниот данок треба да се разбере како подготовка на економијата за посилен одговор на негативните шокови од надвор.

Според него важна е и потребата од нов развоен модел за македонската економија.

Овој модел што посебно СДСМ до крајност го применува на пораст на потрошувачката, ги има исцрпено своите можности и не може да продуцира стапка на раст повисока од 3% како што гледаме. Тоа на СДСМ не му успеа ниту во најдобри времиња за светската економија. Пристапот поаѓа од фактот дека мора да се зголеми учеството на индустријата, особено преработувачката индустрија во создавањето на БДП, кој сега е само 12%, а во земји како Словенија, Словачка, Унгарија, Полска, ова учество надминува 20%. Тоа што го спомна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е модерна реиндустрализација, односно модерна индустриска политика. Ова значи дека ние правиме мапирање на сите сектори, на сите претпријатија, дури до производи, да видиме, веќе ги имаме првичните сознанија, кои се компаративните предности на македонската економија, што може или што е со најголема вредност да се поддржува, да се извезува, со цел да се зголеми додадената вредност на македонската економија, кажа поранешниот министер за финансии.

Она што исто така е важно е пристапот кон странските инвестиции да биде таргетиран.

Славевски објаснува дека траба да им се пријде и да се донесат оние странски компании, однапред со таков пристап, кои ќе можат да ја анимираат и домашната економија, односно домашните претпријатија. За таа цел, остакнува тој се планира да се трансформира Македонската банка за поддршка на развојот во развојна и извозна банка на Република Македонија, со кадровско доекипирање, докапитализација.