Жителите на Вевчани велат дека на сред пандемија од коронавирусот кога една од главните препораки е да се одржува хигиената, тие веќе 40 часа се оставени без вода, објави Охрид 24. Вевчанци својот револт го искажуваат и на социјалните мрежи.
Наместо решавање на проблемот и добивање вода, на 16 јуни од претпријатието објавуваат корекција на последното известување и им соопштуваат на жителите дека дислокацијата се одложува за 18 јуни и дека тој ден нема да има вода за пиење во периодот од 07:30 до 19:00 часот.
Со своја реакција за ситуацијата имаше и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Ѓорѓи Влајнкиноски, кој на Фејсбук напиша дека ова е страшно и дека за ова некој треба да сноси одговорност.
❗СРАМ? СРАМ ?СРАМ?
☢️ Во време на пандемија над 1000 жители на општина Вевчани повеќе од 15 часа се оставени без вода за…Posted by Ѓорѓи Влајнкиноски on Thursday, June 18, 2020