Економија 21. јануари 2019. / 18:05

Спроведената анкета на Здружението на граѓани – ЗОЗГ, ни укажува дека младите во Македонија не би се занимавале со земјоделство

Спроведената анкета на Здружението на граѓани – ЗОЗГ, ни укажува дека младите во Македонија не би се занимавале со земјоделство

Спроведената анкета на Здружението на граѓани за Земјоделие и правилно одгледување на земјоделските и градинарски производи – ЗОЗГ, Скопје покажува дека само 22,22% испитаниците на територијата на Република Македонија лично се занимавале со земјоделство, додека па 33,33% од нив одговориле дека со земјоделство се занимавале само нивните родители. Најголем процент имаме кај испитаниците кои одговориле дека ниту тие, а ниту нивните родители се занимавале со земјоделство.

На прашањето дали сметаат дека занимавањето се земјоделие е исплатливо за живот во Република Македонија, 55,56% од испитаниците одговориле дека е делумно исплатливо, додека 22,22% отпаднал на мислењето дека е исплатливо и не е исплатливо истовремено.

Поголемиот дел од испитаниците сметаат дека бројот на земјоделци помал од 40 години опаѓа (дури 88,89% од испитаниците), додека само 11,11% одговориле дека бројката е во подем.

Како доказ за тоа дека земјоделието во Република Македонија е дополнителна дејност, а не основна, за добивање на финансиски средства укажува и податокот од 2014 година, според кој во Македонија, во регистерот на Управата за јавни приходи биле регистрирани вкупно 164 992 земјоделци, од кои, 16 593 се регистрирале како лица на кои земјоделството им е основна дејност, додека другите 143 399 пријавиле дека земјоделството им е дополнителна дејност.

Од горенаведените податоци, доаѓаме до заклучок дека земјоделието, како дејност и начин за заработка во Република Македонија е ставено во втор план. Иако со слични временски услови, па и квалитет на земја и вода, доколку направиме споредба со нашиот сосед Србија, ќе забележиме дека тие се одвојуваат во поглед на развиеноста на земјоделието. Согласно податоците добиени од Земјоделската комора на Србија, таа во 2015та година се наоѓа на прво место кога е во прашање извозот на малини.

Ситуацијата во Република Македонија може значително да се подобри доколку институциите, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преземат координирани активности и ги мотивираат младите да се занимаваат со земјодлество. На овој начин, земјоделството меѓу лицата помлади од 40 години повторно би заживеало, и нема да претставува само начин за дополнителна заработка, туку и сериозна дејност преку која ќе се заработува доволно за живот.