Економија 24. декември 2020. / 18:47

Со долги говори, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес ја блокира работата на Собранието

Со долги говори, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес  ја блокира работата на Собранието

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиони евра,  иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, стои во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

 Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со закон во Собрание што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија? Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пар, велат од пратеничката група.