Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави денеска во Дебар носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборнаа единица и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Таа попладнево во Дебар де се сретна со граѓани, но и со поголем број сопственици на деловни објекти, по што одржа и трибина пред седиштето на огранокот на СДСМ.
Ве повикувам да продолжиме со успесите постигнати во изминатите години од кога СДСМ е на власт. До победа, разум и разбирање, до чист мандат со кој ќе можеме да формираме Влада и да избереме ние со кого ќе коалицираме, рече меѓу другото Шеќеринска пред граѓаните.
Носителката на листата на коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 5 потенцираше дека со четвртиот пакет Владата предвидува кредитните картички кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да опфатат уште две групи.
Едната група се невработени лица кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и тие ќе имаат шанса да добијат картичка. Втората категорија ќе бидат сите пензионери со пензии под 15.000 денари.Тоа ќе значи дополнителни пари кај граѓаните но во исто време и подршка на домашните производи, најави Шеќеринска.