Економија 28. август 2019. / 09:45

Седум општини ќе добијат монтажни лизгалишта

Седум општини ќе добијат монтажни лизгалишта

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 (седум) монтажни спортски лизгалишта во Македонија и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14 милиони денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1.11.2019 година.