Економија 12. август 2020. / 12:42

Се најавува радикализација: Во петок нов протест против поскапувањето на струјата

Се најавува радикализација: Во петок нов протест против поскапувањето на струјата

Во петок граѓаните повторно излегуваат на протест поради поскапувањето на струјата за 7.4 проценти.

Организаторите утре од пред зградата на владата ќе го најават новиот протест. За Сител велат дека се обидуваат на мирен начин да дојдат до решение. Повторно ќе побараат повлекување на одлуката за поскапувањето, но ако тоа не се случи најавија радикализирање на протестите.

Демонстрантите на минатонеделниот протест покрај ова, побараа и формирање на независно арбитрирано тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Минатата недела покрај протестот кој се одржа во Скопје, беа организирани протести и во неколку други градови, односно, во Гостивар, Тетово, Куманово и Дебар.