Економија 22. јули 2020. / 15:18

СДСМ за три години ја задолжи државата за 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра

СДСМ за три години ја задолжи државата за 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра

СДСМ за само три години успеа да ја задолжи државата за скоро 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра.Македонија со Заев на чело е прогласена за хибриден режим.

Криминалот стана секојдневие, наместо да гледаме како се носат инвестиции, гледавме како се носат торби со рекетирани милиони.Обвинителите чекаа Заев да одлучи, а судиите Заев да пресуди.Македонија со СДСМ доби само хибриден режим. Криминал и корупција на секое ниво.Слушнавме како братот на Заев давал насока за палење на коли, а братучедот одобрение кој може да води бизнис.Македонија со Заев на чело само губеше изминативе три години.Македонија не смее да продолжи да губи и понатаму, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.