Од економија која што во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДМПНЕ бележеше негативен раст од -1,8%, стигнавме до раст од 3,6% во трите квартали на 2019 година. Овој раст овозможува да се грижиме за сите и за само 2,5 години ја зголемивме минималната плата на 14.500 денари, или 5.500 денари зголемување од срамните 9.000 денари колку што изнесуваше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.
Од таму посочуваат дека невработеноста покажува одржливо намалување, поддржано од значително креирање на нови работни места. Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 17,1 насто, од 23,6 насто пред 2,5 години.
За само 2,5 години, преку водење на успешни и конкретни економски политики отворени се околу 60.000 нови работни места, од кои повеќето се во реалниот сектор. Ова е разликата, ние отвараме реални работни места наспроти административно бришење на невработени во времето на ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ и додаваат дека СДСМ поддржува зголемување на платите до 6.000 денари во приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите. Ги поддржуваме младите од 18-23 кои ќе се вработат во производствени капацитети со дополнителни 3.000 денари секој месец. Сите граѓани заслужуваат да живеат достоинтвено.
-И во 2020 година продолжуваме со мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните и во 2020 година – се вели во соопштението на СДСМ.