Економија 18. јуни 2019. / 10:14

СДСМ: Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции

СДСМ: Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализацијата на капиталните инвестиции што се во интерес на граѓаните, економијата и државата.

Само во југоисточниот регион, се реализаираат инвестиции од над 100 милиони евра за реконструирање и изградба на патишта.

Од партијата додаваат дека во тој дел од државата за првпат по 40 години се реконструира патот Штип – Радовиш, а се гради и патот Штип – Кочани.

– Истовремено, низ целата држава се врши рехабилитација на околу 400 километри автопати, регионални и магистрални патишта. Според официјалните податоци, речиси и да нема регион или место во државава каде не се одвиваат градежни активности, во градење и рехабилитација на патишта, во гасификација, железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства. – велат од СДСМ.

Од владејачката партија сетаат дека реализацијата на овој инвеститциски циклус значително ќе го зголеми растот на капиталните инвестиции во вториот квартал и позитивно ќе влијае на економскиот раст.

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, нови инвестциии и развој и унапредување на инфраструктурата.