СДСМ смета дека успешните економски мерки кои ги презема нивната влада и напредокот во евроинтеграциите ја вратија довербата и конкурентноста во домашната економија.
Тие сметаат дека Македонија е атрактивна земја за инвестирање, потсетувајќи на германската команија која одлучи да инвестира во нова фабрика.
– Германската компанија „Герешајмер” реши да ги искористи економските поволности и да инвестира во нова фабрика во земјава. – потенцираат од СДСМ.
Инаку компанијата ќе произведува фармацевтски амбалажи и производи а обезбедува нови 400 работни места наменети за високо квалификуван кадар со високи плати.
Од СДСМ констатираат дека странските инвестиции имаат заначајна улога во поттикнувањето на економскиот раст и намалувањето на невработеноста. Само во 2018 во странските инвестиции отворени се 4.500 работни места.