Економија 18. ноември 2018. / 10:16

СДСМ: Со буџетот за 2019 година се обезбедува социјална праведност

СДСМ: Со буџетот за 2019 година се обезбедува социјална праведност

СДСМ соопшти дека предлог буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.

Според нив со реформираниот систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година се обезбедуваат дополнителни 2,2 милијарди денари.

– Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство. – се вели во соопштението.

Од СДСМ информирааат дека за повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, а се воведува и минимален гарантиран приход. Овој надоместок освен примателите на гарантираниот минимален приход ќе можат да го користат и домаќинствата со минимална плата.

Со владините мерки според нив се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојаните домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства.

– Со темелната реформа на социјалниот систем и детската заштита што ја изготви Министерството за труд и социјална политика, за 300 проценти ја зголемуваме социјалната помош, но има ефикасни и долгорочни решенија за извлекување од сиромаштијата. – наведуваат од СДСМ.