Економија 30. април 2020. / 09:40

СДСМ: Навремените економски мерки на Владата потврдени и од Светска Банка

СДСМ: Навремените економски мерки на Владата потврдени и од Светска Банка

Според извештајот на Светска банка нашата држава ќе претрпи најмала штета во однос на останатите во регионот. Односно пад на економијата од 1,4 до 3,2 проценти, велат во утринското соопштение од СДСМ.

Ваквиот извештај на Светска банка, велат од партијата, за нашата држава уште еднаш ги потврдува одговорните и навремени политики насочени кон полесно и поефикасно справување со последиците од коронакризата.

-Според овој извештај, земјите од Западен Балкан ќе паднат во рецесија оваа година и би можеле да забележат пад на домашниот бруто-производ (БДП) до 11,3 проценти, велат од СДСМ.