Индустриското производство во февруари бележи раст од 7,3 отсто, економијата е раздвижена, државата е на вистински пат. Економските показатели се јасни и континурано ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ, велат од партијата.
По највисокиот раст на индустријата во последните седум години, индутријата продолжува да расте и во 2019 година. Според официјалните податоци на Државниот завод за статитика, индустриското производство во февруари 2019 бележи раст од 7,3 отсто споредено со истиот месец од 2018. Истовремено растот на индустријата за периодот јануари-февруари 2019, е за 9.6 отсто повисок во однос на истиот период од минатата година, тврдат од СДСМ.