Економија 18. ноември 2019. / 09:36

СДСМ: Дополнителни 66.000 денари годишно на сметката на секој работник

СДСМ: Дополнителни 66.000 денари годишно на сметката на секој работник

Продолжуваме со креирање и имплементација на мерки и политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните. Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари. Со декемвриската плата, околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања, се вели во соопштението на СДСМ.

-За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за 5.500 денари што овозможува годишно дополнително 66.000 денари да завршат назад кај секој работник. Концептот за враќање на парите кај граѓаните и работниците е на прав пат и дава вистински резултати.

Дополнително како стимул за приватниот сектор, се донесе Закон за субвенционирање на социјалното осигурување за сите претпријатија кои ќе покачат плата на нивни вработени до 6.000 денари.

Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна, соопшти СДСМ.