Економија 15. ноември 2020. / 17:31

Самоволие на раководството на АД ЕСМ-ЕЛЕМ

Самоволие на раководството на АД ЕСМ-ЕЛЕМ

Од Синдикална организација АД ЕЛЕМ – Синдикална подружница РЕК Битола, прашуваат дали Македонија е правна држава, затоа што раководството  на АД ЕСМ -ЕЛЕМ според нив, споведува самоволие.

Во продолжение нивното соопштение

ПРАВНА ДРЖАВА????? САМОВОЛИЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА АД ЕСМ-ЕЛЕМ

Државниот инспекторат за труд ја поништи како незаконита, одлуката на АД ЕСМ за распоредување на работа во Кичево од Скопје, на Димче Грков, Претседател на Синдикалната Организација Енергетика при АД ЕЛЕМ. Ова е уште една потврда, на она што го говориме, дека работодавачот АД ЕСМ (ЕЛЕМ), спречува слободно синдикално делување, здружување и одлучување, што е потврдено и со повеќе правосилни судски пресуди во корист на синдикатот.

Дали раководството на АД ЕСМ ќе почне да ги почитува законите и донесените одлуки, НЕ , НЕ ГИ ПОЧИТУВА И НЕ ПОСТАПУВА ПО ИЗВРШНИ ПРЕСУДИ И ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ОД ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРАТ.

ССЕРИ, најстрого го осудува непочитувањето на владеењето на правото и очекува реакции од повисоки инстанци.